ИСТОРИЈАТА СЕ ВРАЌА КАКО ПРЕДМЕТ ВО 7. ОДДЕЛЕНИЕ По 6 години учениците повторно ќе имаат учебници по странски јазици

Ја сменивме програмата за 7 одделение. Од септември ќе има нова програма и во неа повторно е вратен предметот Историја што претходната го укина. Учебникот е во печатење, најави министерката за образование Весна Јаневска.

226

Историјата се враќа како предмет во 7 одделение, изјави вечерва министерката за образование и наука Весна Јаневска

– Ја сменивме програмата за 7 одделение. Од септември ќе има нова програма и во неа повторно е вратен предметот Историја што претходната го укина. Учебникот е во печатење – рече министерката Јаневска на трибина во Велес.






Додаде дека се испечатени сите учебници за кои имаше недостаток повеќе години и најави дека учебници ќе има за сите ученици.

– Од претстојната учебна година, по 6 години пауза, учениците повторно ќе имаат учебници по странски јазици: англиски, германски, француски и италијански – рече таа.

Јаневска информира дека е сменета програмата за прва година гимназиско образование. Законот за високо образование, како што кажа, се доработува со уште неколку закони.

Министерката Јаневска информира дека МОН дава поддршка за младите кои имаат изработено свои иновации во науката и за нивно пласирање и поддршка надвор од земјава. Има и дополнителна награда и поддршка за оние ученици кои освоиле први места и медали на разни европски и светски натпревари во областа на науката.

Таа рече дека оваа Влада успеала да го исплати долгот од претходната влада во образованието за плати за наставниците, досега 6 пати ја покачила платата на наставниците и со СОНК се договориле секоја година да има нови покачувања.

Таа потсети дека МОН и оваа Влада изградија 8 нови училишни згради и работи на деветата. Реновирани се 20 училишни сали, се градат 4 спортски сали и има повик за изградба на уште 30. Потсети и дека ги опремиле училиштата со смарт табли и со друга современа опрема, а во соработка со Бирото за развој и образование вршат обуки за наставниците за користење напредна технологија.

Министерката Јаневска потенцира дека МОН ги легализира дуалните паралелки во средно образование кои имаат практичична настава. Во средното стручно образование освен постоечките направени се уште два нови стручни центри во Штип и во Битола според стандардите на земјите од ЕУ.

Поврзани содржини