ИСТО СЦЕНАРИО КАКО И ВО КУМАНОВО Македонија загуби и на гостувањето во Романија
Македонските кошаркари последниот натпревар од групата од претквалификациите го играат против Унгарија во Куманово на 20.август.
Нов трет пораз на македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Романија забележа победа од 79:66 (26:19; 19:15; 14:15 и 20:17). Ова за македонскиот национален тим беше трет пораз во истотолку натпревари.
Во текот на првото полувреме противникот беше во постојано водство, кое на полувреме изнесуваше 45:34.
На почетокот на вториот дел Романија стигна до највисоките +14 (50:36), а по 64:51 македонските кошаркари ги одиграа најдобрите минути и со серија од 10-0 намалија на 64:61. Во финишот на дуелот повторно беше +3 за домашаната репрезентација, но до крајот на натпреварот „црвено-жолтите“ не постигнаа ниту еден поен, а противникот реалзираше десет.
Стефан Грасу кај Романија со 20 поени беше најефикасен на дуелот, а во македонскиот состав Џејкоб Вајли постигна 19.
Македонските кошаркари последниот натпревар од групата од претквалификациите го играат против Унгарија во Куманово на 20.август.