Истите уредби од 18 март ќе важат и во наредниот период

490

Со одлуката на претседателот на Република Северна Македонија да прогласи вонредна состојба на целата територија на државата на истиот ден на кој измина периодот на претходно прогласената вонредна состојба, сите уредби со законска сила донесени од 18-ти март до сега, остануваат во сила и во периодот што го опфаќа новата одлука за вонредна состојба, наведено е во владиното соопштение.

„Во таа насока, согласно одлуката на претседателот на Република Северна Македонија, во сила остануваат сите уредби што го регулираат ограниченото движење на граѓаните, патниот и железничкиот сообраќај, што се однесуваат на нововоспоставениот режим на граничните премини и на меѓународните аеродроми во државата, уредбите што ги регулираат мерките за претпазливост за заштита од ширење на коронавирусот на јавните простори, во јавните институциите, во комерцијалните трговски објекти и во објектите на економските оператори во кои технолошките процеси не се прекинати, уредбите што ја утврдуваат работата во системите на здравствена заштита, за внатрешни работи и во Армијата на Северна Македонија, како сите други уредби што се донесени кои се однесуваат на сите мерки за справување со последиците од коронавирусот“, стои во соопштението од Владата.

Поврзани содржини