ИСТЕПАНИ ПОЛИЦАЈЦИ НА КАЧАНИЧКИ ПАТ И КАЈ ЧУЧЕР САНДЕВО Пријави за насилство врз службени лица

Против напаѓачите се поднесени кривични пријави за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

297

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Ф.(60) и О.Ф.(28), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 02.10.2023 на крстосница од Качанички пат со бул.„Словенија” во Скопје, пријавените физички нападнале полициски службеници.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ш.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 28.09.2023 во близина на с.Голиово, општина Чучер Сандево, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

 

 

Поврзани содржини