Истепани и ограбени, гореле кафуле и цистерна, на банкомат со украдена картичка

2,067

ПОВРЕДЕН РАБОТНИК – Во полициската станица Кавадарци вчера било пријавено дека во Општата болница во Кавадарци со повреди бил донесен Н.Р.(62) од Кавадарци. Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал работни задачи во фирма од Кавадарци на  место викано „Моклиште“. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци по овластување на Јавен обвинител. Известен бил и трудов инспектор.

МАЖ ИСТЕПАН ВО СВОЈОТ ДВОР – Во СВР Скопје, вчера Д.Б.(45) пријавил дека бил нападнат од неколку лица во неговиот двор на ул.„Саса“ во Скопје. Според пријавеното, по вербална расправија помеѓу него и А.Р.(27) и Р.К.(35), двајцата од с.Цветово и А.И.(41) од с.Студеничани, А.Р. и Р.К. физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






СЕ ЗАПАЛИ ЦИСТЕРНА ЗА БЕТОННа 18.08.2020 во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ настанал пожар во товарно возило – цистерна за бетон, со косовски регистарски ознаки, која во моментот била празна. Пожарот бил изгаснат од возачот Б.А.(40) од Косово. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЕДЕНИ ДВАЈЦА СКОПЈАНИ, ГАСЕЛЕ КАФУЛЕ  – На 18.08.2020 во 11.30 во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на бул.„Александар Македонски“. Притоа, со повреди се здобиле Н.Т.(36) и Љ.Т.(52), двајцата од Скопје, кои се обиделе да го изгаснат огнот, по што биле пренесени во ГОБ „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. За настанот бил известен трудов инспектор, а пожарот бил изгаснат од останатите вработени. Се работи на расчистување на случајот.

НАПАДНАТА И ОГРАБЕНА СКОПЈАНКА  – На 18.08.2020 во 12.20 часот во Полициската станица Центар, С.С.(31) од Скопје пријавила дека околу 08.15 часот на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СТРУЖАНЕЦ ГРАДЕЛ НА ДИВО  – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.П.(47) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на мај 2020 во Струга, катастарска општина Мислешево, пријавениот, како инвеститор, започнал со градба на помошен објект, спротивно на решението за градба и основниот проект, за што од страна на Градежна инспекција од општина Струга било донесено решение за отстранување на градбата.

ПОДИГНАЛ ПАРИ СО УКРАДЕНА КАРТИЧКА  – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.П.(35) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 28.04., на 06.05. и на  11.05.2020 на банкомат на ул,,Маршал Тито“ во Струга, пријавениот, со платежна картичка одземена од Г.П.(68) од Струга, подигнал парични средства во вкупна вредност од 22.000 денари.

НАМЕСТО ВО ИЗОЛАЦИЈА, СЕ ШЕТАЛЕ  – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Ш.(52) и Б.Ш.(24), двајцата од с.Долна Ѓоновица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 13.08.2020 во с.Долна Ѓоновица, полициски службеници извршиле контрола во домот на пријавените, при што тие не биле затекнати дома.

ГО НАЧЕКАЛЕ ВО АВТОМОБИЛ, НАМЕСТО ВО САМОИЗОЛАЦИЈА  – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против С.А. (54) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, на 08.08.2020 на ул.„Пано Мударов“ во Кавадарци бил затекнат како се движи со патничко возило, односно надвор од неговиот дом, каде што требало да биде во самоизолација, со што не го почитувал издаденото решение од страна на Државниот санитарен и здраствен инспекторат за домашна изолација, во траење од 14 дена, од 01.08.2020 до 14.08.2020.

 

Поврзани содржини