Истепан полицаец во Свети Николе, пронајден хероин во напуштен објект

381

ДРОГА КАЈ ЖЕНА ОД ГЕВГЕЛИЈА – На 22.09.2020 во 20.00 часот на ул.„Никола Тесла“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.К.(39) од Гевгелија, бидејќи при претрес во куќа во Скопје каде таа престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ХЕРОИН ВО НАПУШТЕН ОБЈЕКТ – На 22.09.2020 околу 12.15 часот во напуштен објект на ул.„Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Љ.(40) од Тетово и Н.Р.(37) од тетовско Милетино, затоа што при преглед кај нив бил пронајден хероин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.






СООБРАЌАЈКА КАЈ ПРИЛЕП – На 22.09.2020 во 19.50 часот на патот Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со битолски регистарски ознаки, управувано од В.П.(53) од Битола и патничко возило „опел“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.С.(51) од Прилеп. Во незгодата, М.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека В.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп, каде биле пренесени за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

НАПАДНАТ ПОЛИЦАЕЦ – На 22.09.2020 во 23.10 часот на ул.„23 Октомври“ во Свети Николе, полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го лишиле од слобода З.Т.(52) од Свети Николе, бидејќи физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ – На 22.09.2020 во 06.20 часот било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Радовиш, во близина на крстосница за с.Василево, М.В.(21) од с.Градашорци, струмичко, управувајки мотоцикл „јијинг“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни, констатирани во Медицински центар Струмица, каде бил пренесен за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

КУЧИЊАТА КАСААТ – На 22.09.2020 во 13.20 часот во Полициската станица Центар, Б.А.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Димче Мирчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

ПАЈАК ЗБИРА ВО ТЕТОВО – На 22.09.2020 на подрачјето на СВР Тетово биле спроведени засилени сообраќајно-контролни активности за поголем ред и безбедност во паркирањето. Вкупно биле откриени, законски санкционирани и подигнати 21 непрописно паркирано возило (ТЕ-16 и ГВ-5). Покрај ова, во Тетово биле санкционирани и осум лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит, три нерегистрирани возила и други прекршоци. За сите прекршоци поднесени се соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

ЛОШО КУЧЕ – На 22.09.2020 во 14.30 часот во СВР Скопје, Т.М.(47) од с.Кадино, скопско, пријавил дека на ул.„11“ во нас.„Илинден“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 23.09.2020)

Поврзани содржини