ИСТЕПАН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АРАЧИНОВО? Ридван Ибраими наводно завршил во болница
„Мотивите за инцидентот не се познати, а Ибраими завршил во болница. Неофицијално, има неколку повредени лица“, напиша 24Инфо.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за МИА потврдија дека денеска физички бил нападнат градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими.
– На 13.09.2022 во 09:46 часот во СВР Скопје, градоначалникот на општина Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираа за МИА од МВР.
Информацијата најпрво се појави на порталот 24Инфо, кој објави дека Ибраими наводно бил нападнат од неколку лица и дека наводно завршил во болница.