Истече самоизолацијата на 200 лица поврзани со докторката од Кожно, следат тестирања

Не може сите да се завршат во еден ден - рече Филипче.

1,206

За сите лица коишто беа 14 дена во изолација поради поврзаност со докторката од Клиниката за кожни болести, Филипче рече дека сите ќе бидат тестирани. Станува збор за околу 200 граѓани меѓу кои стотина се колеги – лекари.

– На сите лица од Клиниката за кожни болести веќе им изминаа 14 дена во самоизолција и веќе се прави план да се тестираат со цел да се вратат на работното место. Ќе бидат тестирани во следните денови. Не може сите да се завршат во еден ден, после што ќе ги соопштиме резултатите – кажа Филипче.

 

 

Поврзани содржини