Истакнати членови на СДСМ во Охрид формираат независна листа за локалните избори – старото крило се „цепи“ и во други градови?

На списокот се Томе Чингоски, Димитар Велјаноски, Јован Мирчески, Никола Пројкоски, Елизабета Баракоска, Лидија Стојановиќ, Владо Чингоски, Рита Наранџоска, Горан Трајкоски, Ивица Будески...

5,596

Истакнати членови на СДСМ од Охрид, меѓу нив и повеќе долгогодишни советници во Советот на Општината, формирале Иницијативен одбор за подготовка и поднесување листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид на претстојните локални избори. Мотото и називот на листата на независни кандидати гласи „Охрид пред сè“.

„Основна цел на Иницијативниот одбор е подготовка на граѓанска листа составена од професионалци, работливи, чесни и слободоумни охриѓани кои ќе го преземат управувањето со Советот на Општината и ќе го претворат во место каде граѓаните реално ги решаваат своите локални проблеми. Иницијативниот одбор на ‘Охрид пред сè‘, ги повикува сите граѓани на Охрид да дадат свој придонес во подготовката на изборната програма“, се вели во соопштението.






Таму е наведено дека намерата на Иницијативниот одбор е да создаде изборна листа на кандидати за членови на Советот на Општина Охрид кои непосредно ќе ги претставуваат интересите на своите сограѓани, интересите на еснафот, на работниците, на охридските маала и населени места, без примање наредби од политичките партии и внатрепартиските хиерархии.

„Партиите, со сите свои предности и слабости нека продолжат да ги креираат државните политики, но нашата примарна цел е да го вратиме вистинското значење и улога на Советот на општината во кој ќе доминираат локалните интереси на граѓаните, раководени само од своите избирачи“, наведено е во соопштението.

На списокот се Томе Чингоски, Димитар Велјаноски, Јован Мирчески, Никола Пројкоски, Елизабета Баракоска, Лидија Стојановиќ, Владо Чингоски, Рита Наранџоска, Горан Трајкоски, Ивица Будески.

Станува збор за истакнати членови на СДСМ од таканараченото старо крило на СДСМ. Нивното отцепување на независна листа извори од партијата го толкуваат како израз на таложеното незадоволство во партијата. Постои можност вакви листи да има и во другите градови во земјава, пренесе „Фактор“.

Инаку за постарите членови на СДСМ е неразбирлив потегот за разрешување на Стојко Пауновски, довчерашниот директор на Државниот пазарен инспекторат, кој, пак, исто така е дел од тоа крило на СДСМ.

Поврзани содржини