Ист Гејт: Урбанo искуствo на релација Скопје-Тирана
Најголемиот регионален трговски центар Ист Гејт Мол ќе ги отвори вратите за јавноста, така што жителите на Скопје добиваат ново, супер атрактивно место, кое ги носи сите новости од светот на модата, гастрономијата и забавата.
Да се збогати урбаното живеењето во градот и средината во која живееме, преку посветеност и професионална работа, тоа е дел од мисијата на групацијата БАЛФИН. Оваа посветеност е нешто што БАЛФИН го практикува на секое поле на кое работи, и тоа во секоја земја во која инвестира. Секој проект потпишан од БАЛФИН, како една од најзначајните меѓународни инвестициски групации, претставува успешна приказна.
Веројатно најинтересната во моментов за домашната јавност е приказната за Скопје Ист Гејт. Еаст Гејт Мол во Скопје, кој се гради со полн капацитет, за само неколку месеци во октомври 2021, ќе ги отвори своите порти за јавноста. Додека пак Ист Гејт Мол Тирана, отворен во 2011 година, оваа година прославува деценија среќни и пријатни моменти за граѓаните на албанската престолнина и голем број туристи и посетители од регионот.
Сместен на само 4 километри од центарот на Тирана, Тирана Ист Гејт е најголемиот трговски центар во Албанија. Со 150 продавници и 1.500 места за паркирање. Со површина од повеќе од 95,700 м2, овој центар е изграден за да се разликува по разновидност на брендови и производи, воведување ексклузивни брендови, простори за забава, ресторани, кафулиња и максимална удобност за клиентите. Со иновативен концепт, ТИГ обезбедува ново искуство за купување и забава за сите. Предностите на трговскиот центар се разновидноста на брендови и производи, широк простор, воведување на ексклузивни брендови, простори за забава, симпатични кафе-барови и максимална удобност за посетителите.
Тирана Ист Гејт е отворен за клиентите веќе 10 години со широк спектар на продавници и меѓународни брендови, со што стана и најпосетениот трговски центар во Албанија. Со брзите дигитални трансформации во малопродажбата и зголемената потреба за промени и иновации во трговските центри, Ист Гејт го подобри задоволството на клиентите воведувајќи многу нови можности. Како и да е, поминаа 10 години од изградбата на TИГ (TEG), така што неодамнешните случувања и иновации во областа на малопродажбата и трговските центри донесоа потреба и за нови проекти за проширување. Реновирањето на TИГ (TEG) не само што ќе ја зголеми вредноста на имотот, туку директно ќе влијае позитивно на перцепцијата на клиентот за центарот со тоа што има дополнителни малопродажни простори и забава за сите посетители на TИГ (TEG).
Следната есен, нов, мултифункционален комплекс наречен Скопје Ист Гејт ја постигнува својата цел во градот Скопје. Најголемиот регионален трговски центар Ист Гејт Мол ќе ги отвори вратите за јавноста, така што жителите на Скопје добиваат ново, супер атрактивно место, кое ги носи сите новости од светот на модата, гастрономијата и забавата. Овој проект, поддржан од врвни професионалци, е овозможен од групацијата Балфин, како доминантен акционер кој има тенденција да создава трговски центри кои не само што се најконкурентни во регионот, туку се сметаат за центар на локалната заедница. Скопјани ќе добијат ново омилено место, со 250 продавници и 220 брендови на понуда. Скопје Ист Гејт Мол се состои од 5 спрата, повеќе од 160.000 м2 бруто закупна површина и 2.000 паркинзи. Некои меѓународни брендови се веќе потврдени. Сите брендови на Индитекс доаѓаат во трговскиот центар Скопје Ист Гејт – Зара, Зара Хоум, Оишо, Масимо Дути, Бершка, Пул енд Беар и Страдивариус, како и петте добро познати брендови на ЛПП СА – Ризрвд, Мохито, Хаус, Кроп и Синсеј, секој од нив насочен кон различна целна група. Уште неколку најнови трендови на светски познати брендови кои исто така ќе бидат присутни се следните – Кико Милано, Дан Џон, Армани, Мадам Коко, Патриција Пепе, Твинсет и многу други.
И покрај тоа што трговскиот центар се позиционира како ново место за шопинг и минување квалитетно време, Ист Гејт Мол нуди многу повеќе од забава. Од гледна точка на локалната економија, се работи за најзначајниот проект на деценијата во Скопје. Закупците на трговскиот центар ќе вработат над 2.000 лица, како и стотици лица услужен персонал за да се овозможи непречено работење. Можеби најважно е тоа што целиот повеќенаменски проект придонесува со 32,9 милиони евра во комунални даноци на градот Скопје кои пак ќе бидат инвестирани во урбанизација и ќе придонесат во развој на вкупно 500.000 квадратни метри во населбата Гази Баба, која е општина во Скопје без речиси никакви градежни активности и без капитални инвестиции во изминатите години, издигнувајќи ја на ниво на нов центар на градот и правејќи ја популарно место со зголемена фреквенција на посетители. Во соработка со Општина Скопје, проектот Ист Гејт повлекува инфраструктурна надградба во област која е запоставена и изолирана со години. Осветлување на улиците, нови патеки за меѓусебно поврзување, почисти и пошироки тротоари, зелени површини, и конечно долго најавуваниот мост на Вардар што ги поврзува Аеродром и Гази Баба, кој ќе стане функционален во јули 2021 година, ќе ја зголеми вредноста на областа и ќе биде поттик за понатамошен развој на целата населба.
Замислен како град-метропола, привлечен и софистициран, центар кој е олицетворение на висока етика, вака е опишан новиот трговски центар, Скопје Ист Гејт кој ќе го разубавува градот Скопје од претстојната есен 2021 година па наттаму. Во ранг на европските и светски трговски центри, со најголема површина во регионот, Скопје Ист Гејт претендира да биде нова, урбана и изобилна понуда во Скопје. Се разликува од остатокот на архитектурата на градот по неговата појавност и е врвно дело направено од најпрофесионалните градежни инженери и архитекти.
Со намера да биде препознаен по своите брзи и лесно достапни услуги, како и технолошките иновации Ист Гејт Мол постојано ќе биде во тек со најновите технолошки и комуникациски трендови; ќе комуницира секојдневно со пошироката јавност и ќе објавува информации за своето работење на социјалните мрежи. Преку социјалните медиуми се разбира, Ист Гејт Мол ќе објавува детали за секој аспект од работењето и ќе комуницира со специфичната јавност како соработници, следбеници, купувачи.
Очекувањата се високи, во секоја смисла, а нашата цел е тие да станат реалност. Во Ист Гејт се применуваат високи стандарди за градба, високи стандарди во работењето и се имплементираат стратегии за одржлив развој. И како и секој друг проект на БАЛФИН, така и Скопје Ист Гејт не цели кон ништо помалку од тоа, заклучија одговорните од трговскиот центар.