ИСШАМАРАН И ИСКЛОЦАН СИНОТ НА ПЕЦЕ СУПЕРХИКС Го нападнале малолетници во Капиштец, полицијата рекла дека е немоќна
Својата загриженост за безбедноста на децата, Младеновски ја сподели преку Фејсбук. Тој сведочи дека повикал полиција, дека полицијата дошла на самото место, ги идентификувала сторителите и рекла дека не може ништо да стори. Од полицијата му било кажано дека станува збор за ним познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела и дека се штитеници на Домот за деца без родители.
Малолетниот син на Петар Младеновски, познат како Пеце од Суперхикс, бил нападнат додека играл кошарка на спортско игралиште во населбата Капиштец од четворица непознати малолетници.
Својата загриженост за безбедноста на децата, Младеновски ја сподели преку Фејсбук. Тој сведочи дека повикал полиција, дека полицијата дошла на самото место, ги идентификувала сторителите и рекла дека не може ништо да стори.
„Мојот малолетен син е нападнат играјќи сам кошарка на кошот во парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години. Прописно е исшамаран и исклоцан без никаква причина (оние кои нѐ знаат од соседството знаат многу добро колку мирно и повлечено дете е мојот син) а се обиделе и да му го украдат баскетот. Добивме повик од него дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај Беверли Хилс истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите, по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат. Морам да признам дека полицијата (станица Беко, двајца од интервентна и подоцна тројца во униформа) бргу реагираа и се појавија на местото каде бевме“, наведува Младеновски.
Од полицијата му било кажано дека станува збор за ним познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела и дека се штитеници на Домот за деца без родители.
„Од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување, за кои искрен да бидам прв пат слушам иако живеам на неполни 700 м од куќата, ‘25 Мај’ кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени. Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам ‘дом-куќа-семејство’ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално оставени сами на себе и се движат каде сакаат и прават што сакаат. Исто така дознавам дека имаат и официјално назначени старатели ама истите се во Штип, Битола и тн. и тн. и не знам на кој начин и по што се овие лица старатели на овие деца. Едноставно ништо не разбирам и ова е несфатливо“, пишува Младеновски.
Тој вели дека неговиот син има трауми со кои ќе се соочува долго време. Но додава дека ќе продолжи со сите мерки во насока на расчистување на случајот и да предизвика некаква реакција„ овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседството и нема тука да запре. Едноставно овие деца ама никој не ги контролира. Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив.“
Младеновски контактирал со директорката на Домот, добил повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска и очекува соодветна реакција од надлежните.
„Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски. Очекуваме помош и од полицијата и од сите кои се надлежни да постапат по ова“, додава Младеновски.