„ИСПУМПАНИ“ БИЛЕ 200.000 ЕВРА ОД КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ? Постои сомнеж за сериозен криминал во времето на претходната власт

Пратеникот Бране Петрушевски изјави дека според извештајот на Државниот завод за ревизија на 1 јануари 2022 година, вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката за детски болести, е за 13.9 милиони денари помала од вредноста која е искажана во сметководствената евиденција.

794

„СДСМ и ДУИ на здравството гледале како на поле за ‘испумпување’ пари“.

Ова го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција.






– Од Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година, има сомнеж за криминал од над 200.000 евра – изјави Петрушевски.

Имено, според Извештајот на ДЗР на 1 јануари 2022 година, вели тој, вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката, е за 13.9 милиони денари помала од вредноста, искажана во сметководствената евиденција, додека, пак, на крајот на годината бил помал за 12 милиони денари.

– Зошто се јавува толку голема разлика во материјалната во споредба со сметководствената евиденција? Дали и каде завршиле над 200.000 евра? Ова е само од една здравствена установа за една година. Што правеле СДСМ и ДУИ во останатите здравствени установи во текот на целото владеење? Јавното обвинителство (ЈО) да не чека и врз основа на Извештајот на ДЗР да отвори постапка. Одговорност мора да има – посочува Петрушевски.

Поврзани содржини