Испробајте го правилото „60 секунди“ кое ќе ја трансформира кожата на лицето
Квалитетното и редовно миење наутро и навечер е исклучително важно за здрав и убав изглед на кожата. Кога се миеме пред спиење, ги отстрануваме сите нечистотии што се насобрале во текот на денот, а кои можат да ги затнат порите, но и да влијаат на предвременото стареење на кожата. Од друга страна, утринското миење е важно бидејќи ги отстранува маснотиите и ситните капки пот што се создаваат во текот на ноќта. Но, прашањето е колку време навистина одвојуваме на миењето на лицето.
Според зборовите на познатата естетичарка Најамка Робертс-Смит, веројатно премногу малку. Имено, таа го објави правилото од 60 секунди, кое би требало целосно да ја трансформира нашата кожа на лицето.
Што значи правилото од 60 секунди?
Тоа е, всушност, миење што трае минута, и тоа со помош на јагодиците на прстите. Не се потребни никакви четкиќки за чистење или други помагала.
Оваа техника ја омекнува кожата, длабоко го раствора себумот, но и ја подобрува целокупната текстура и рамномерноста на кожата на лицето. Понатаму, Најамка тврди дека миењето од 60 секунди овозможува лицето темелно да се исчисти и дека средството што го користиме за чистење, всушност, дејствува.
– Јас го развив правилото за 60 секунди, така што моите клиенти да не трошат многу на разни средства за чистење на лицето. Зошто само 60 секунди? Затоа што е потребно толку долго за сите состојки од средството за чистење да навлезат во кожата на лицето, а само тогаш тие навистина дејствуваат – објаснила Најамка Робертс-Смит, додавајќи дека нечистотијата и шминката од кожата потешко се мијат отколку што мислите.
Прво, за да ги искусите сите придобивки од оваа техника за чистење на лицето, избегнувајте агресивни средства за чистење или пилинзи со премногу крупни гранули. А, за да ви биде кожата здрава и блескава, по миењето не заборавајте да нанесете хидратантен крем. Тој е неопходен е за постојана хидратација на лицето, така што кожата останува еластична и мека, се ублажуваат негативните последици од стареењето, а водата во кожата ја подобрува и нејзината заштитна улога.
Оние што го испробале ова правило за нега на лицето, велат дека кожата никогаш не им изгледала подобро и дека резултите се забележуваат веќе по неколку недели.