ИСПРИНТАЈТЕ МИ ДВА СТЕКА ВЕ МОЛАМ! Наскоро нашата порција месо ќе доаѓа од 3-Д принтер

„Нашиот производ е месо, ги има истите атрибути, само се произведува на поинаков начин“, изјавил за Ројтерс коосновачот и главен извршен директор на компанијата Redefine Meat, Ешчар Бен-Шитрит, додавајќи дека капацитетот за производство оваа година ќе достигне повеќе од 15 тони дневно.

192

Израелската компанија Redefine Meat склучи партнерство со увозникот Giraudi Meats за да ја поттикне европската дистрибуција на неговите парчиња стекови „New Meat“ произведени на 3Д принтери.

Оваа старт-ап компанија која собра 170 милиони долари во серијата А на финансирање оваа година, работи со големи печатачи за месо во своето седиште јужно од Тел Авив и во нова фабрика во Холандија, надевајќи се дека ќе ги воспостави своите производи како алтернатива на конвенционално произведеното месо.






Повеќе за ова, како и видеото од печатењето на парче месо на 3-Д принтер, побарајте ги на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини