Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.
– Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни – рече Филипче во интервју на Телевизија 24.
На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јуни.
– Средина на јуни се очекува отворање на границите, тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите – посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.
Напомена:
Во претходната некорегирана вест на МИА пишуваше дека министерот за здравство Венко Филипче најавил отворање на границите на 15 јули, што беше пренесена од повеќе медиуми и внесе голема забуна кај читателите.