ИСПРАТИЈА ДВЕ КУЧЕШКИ ЗАПРЕГИ ЗА ЗАШТИТА Трамп се исмеа со новите мерки на Данска за Гренланд
Тековните можности на Данска вклучуваат четири застарени бродови за инспекција, авион за надзор „Челинџер“ и 12 патроли со санки со кучиња, сите задолжени да надгледуваат област четири пати поголема од Франција.
„Верувам дека ќе го добиеме Гренланд бидејќи тоа е поврзано со слободата на светот. Тоа нема врска со Соединетите Држави, освен што сме ние тие кои ќе ја обезбедат таа слобода. Тие (Данска) не можат. Пред две недели испратија две кучешки запреги и мислат дека тоа е заштита“.
Вака им кажа Трамп на новинарите во претседателскиот авион Ер форс уан.
Данска денеска објави дека ќе потроши 14,6 милијарди дански круни (околу 2,05 милијарди американски долари) за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот. Ова е реакција на обновениот интерес на американскиот претседател Доналд Трамп за контрола на Гренланд, полуавтономна данска територија.
Договорот вклучува финансирање на три нови бродови на Арктичката морнарица, двојно зголемување на бројот на планираните беспилотни летала со долг дострел на четири, како и сателитски надзор, рече министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен на прес-конференција.
Тековните можности на Данска вклучуваат четири застарени бродови за инспекција, авион за надзор „Челинџер“ и 12 патроли со санки со кучиња, сите задолжени да надгледуваат област четири пати поголема од Франција.
Трамп минатата недела одржа 45-минутен телефонски разговор со данската премиерка Мете Фредериксен, кој сегашни и поранешни високи европски функционери го опишаа како напнат и конфронтациски.
САД веќе има голема воена база на Гренланд, на северот на островот.