ИСПРАЌАЊЕТО ВОЈСКА ВО УКРАИНА БИЛО ИДЕЈА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА Војниците на Ким Јонг Ун изгледаат како да се неисхранети

Процената на американски функционери е дека Ким Јонг Ун нема ништо добиено за помошта што ја испратил на Москва, ама се надева дека во иднина Русија ќе врати на услугата со помош во дипломатските битки на Северна Кореја, обезбедување технологија или со помош во случај на криза.

1,018

Американските функционери изјавија дека не е јасно колку се ефикасни севернокорејските сили. Северна Кореја ги испратила своите најдобро обучени специјални сили да се борат, но многумина од нив изгледаат како да се неисхранети, а и севернокорејските војници немаат никакво борбено искуство во вистинска војна, објави Њујорк тајмс.






Непотврдената бројка, што ја споменуваат западните медиуми, е дека на Русија ѝ се имаат приклучено 10.000 севернокорејски војници и главно се распоредени на границите на Русија како дел од руската контраофанзива за враќање на Курск.

Проценката на американски функционери е дека јужнокорејскиот претседател, Ким Јонг Ун, не добил ништо за помошта што ја испратил на Москва, ама дека се надева дека во иднина Русија ќе врати на услугата со помош во дипломатските битки на Северна Кореја, обезбедување технологија или со помош во случај на криза.

Наводно севернокорејските војници веќе се префрлени од втората на првата линија на фронтот во Курск и активно се вклучени во борбените операции.

ВО УКРАИНА ПОЧИНА ЗАРОБЕНИОТ РАНЕТ ВОЈНИК ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА Јужна Кореја потврди дека се работи за Севернокореец

Поврзани содржини