ИСПОВЕДТА НА УБАВИЦАТА ГО ШОКИРАШЕ РЕГИОНОТ Татко ми сексуално и психички ме злоставуваше! (ФОТО)

Унгарската јавност во саботата ја дознала шокантната вистина која Силаџи ја објавила на својот Инстаграм профил.

2,633

Двократната олимписка натпреварувачка во пливање, Унгарката Лилијана Силаџи (25), ја шокирала земјата, но и целиот регион, со исповедта за монструозната злоупотреба од страна на својот татко.

Унгарската јавност во саботата ја дознала шокантната вистина која Силаџи ја објавила на својот Инстаграм профил.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liliana🦂 (@lilianaszilagyi)

Објавата ви ја пренесуваме во целост:

„Злоупотребувана сум. По 25 години подготвена сум да ги изговорам најтешките зборови кои некогаш сум ги изговорила. По толку болка и борба, станувам и колку и да знам дека таа тема предизвикува екстремни поделби, ќе зборувам за тоа, бидејќи е неопходно“, започнала Лилијана во својата исповед во објавата на Инстаграм.

Веќе во наредниот пасус го открила идентитетот на злоставувачот и силувачот – сопствениот татко:

„Имено, од човекот од кој требаше да добијам најголема љубов и прифаќање. Мојот татко (ме злоупотребуваше). Физички. Ментално. Сексуално. Уште од малечка. Непрекинато и непредвидливо, само за да ужива во својата моќ над мене. Без оглед на тоа дали станува збор за телесно казнување, заплашување, лишење од љубов и внимание или сексуална злоупотреба“, напишала Лилијана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liliana🦂 (@lilianaszilagyi)


Золтан Силаџи (54), нејзиниот татко, исто така е пливач, поранешен олимпиец кој ја претставувал Унгарија дури три пати на Олимписките игри. Денес е адвокат.

Лилијана во истата објава открила дека не била единствена жртва на својот татко, туку, како што наведува, и нејзината мајка трпела речиси ист вид на злоупотреба. Со години.

Од 2016 година злото престанало. Таа и мајка ѝ си заминале од Золтан.

„Ова е цела моја борба сега, закрепнуваме и мајка ми и јас, една покрај друга и се поддржуваме во сè“, додала  на крајот.

Во меѓувреме се огласил и Золтан, на унгарските медиуми им испратил отворено писмо упатено до Лилијана, во кое вели дека не сака да се брани преку медиумите, додавајќи дека очекува дека сè ќе се расветли во кривичната постапка. Вели и дека финансиски повеќе не ја поддржува Лилијана ниту нејзината мајка и бара од ќерка си повеќе да не го користи неговото презиме, туку презимето на својата мајка.

По шокантното признание на Лилијана се огласил и Пливачкиот сојуз на Унгарија, а претседателот на таа организација, Шандор Владар, најавил започнување на истрага и утврдување на фактите од објавите на пливачката.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини