Исповед на заболен од ковид-19: Му благодарам на респираторот што ми го спаси животот, а трчав на маратони

1,393

Се заразив со коронавирус кон средината на март, поточно на 16 март, кога бев примен во болницата. Имав повеќе симптоми кои инаку би биле поврзани со грипот. Треска, болка и замор. Најлошо беше што потешко дишев, вели 44 – годишниот Американец за „Вашингтон пост“, Дејвид Лат, основач на порталот „Над законот“ и директор на компанијата „Латерал линк“,

– Мојата состојба беше стабилна првите неколку дена, но сепак добив дополнителен кислород. Моето здравје се влоши на 20 март, а таа вечер дознав дека ќе ставам респиратор. Тоа ме исплаши. Неколку дена пред тоа докторката ме предупреди: „Подобро да не бидеш на респиратор. Луѓето не се враќаат после тоа“  – раскажува Лат и вели дека постојано се молел да се спаси, пред да му го стават респираторот.






Откако се случило тоа не се сеќавал на ништо.

– Ми се чинеше дека има најмалку десет луѓе во собата, но веројатно имало петмина. Моите сетила беа презаситени, така што не знаев што е точно, а што не. Добив анестезија и заспав. Следните шест дена ги поминав на седативи, практично во сон. Респираторот дишеше за мене – раскажува Лат, додавајќи дека тој не се сеќава на ништо од тој период и само подоцна дознал дека некои пациенти имаат кошмари и халуцинации додека биле на респиратор. .

Лат вели дека неговиот живот во интензивна нега се сменил многу.

– Многу пациенти кои се подложени на респираторен третман развиваат долгорочни физички, ментални и емоционални проблеми. Тие потешко добиваат и обработуваат информации, ги губат своите работни места, паѓаат во депресија и развиваат посттрауматско стресно нарушување – вели Лат и објаснува дека белите дробови треба да му се зајакнат затоа што сега останува без воздух дури и по малку напор.

– Порано трчав маратони и сега не можам да се качувам по скали без да застанам. Не можам да шетам во соседството, не можам да стојам цело време, но повремено морам да седнам во пластичната столица што ја ставам во кадата. Скоро една недела сум на респиратор, гласните жици ми се оштетени, а гласот ми е груб. Мојот логопед е оптимист и смета дека штетата не е трајна. Времето ќе покаже. Не се жалам. Јас сум многу благодарен што сум жив. Можам да му се заблагодарам на респираторот за тоа – вели Лат.

Поврзани содржини