ИСПОВЕД НА ТОНЧИ ХУЉИЌ ЗА БРЕМЕНОСТА НА ЌЕРКА МУ СО ГРАШО Ќе станам дедо, дојде тој момент
водителката Татјана Јуриќ се пошегувала со Хуљиќ и рекла: „Тончи, дали некој ти рече „ќе станеш дедо?“
Дуетот на Тончи Хуљиќ и Петар Грашо „Инаморана“ е песна на годината по избор на публиката. На овогодинешниот Ден на најдобрата домашна музика рекле дека се пресреќни и задоволни што токму нивната песна е омилена кај публиката, пишува хрватски „Индекс“.
„Сѐ што правиме, правиме за публиката, но правиме и за својата душа. Оваа песна настана токму за своја душа, без некои големи амбиции да собираме награди. Не ни требаат повеќе, ниту мене ниту на Петар, но во секој слуќај, кога и да ги добиеме, многу сме горди на нив“, изјавил Тончи Хуљиќ во емисијата.
Осврнувајќи се на неодамнешниот хит на Грашо, водителката Татјана Јуриќ се пошегувала со Хуљиќ и рекла: „Тончи, дали некој ти рече „ќе станеш дедо?“
„Не ми кажувај ништо, ги гледам тие слики и така. Постојано кажував – сакате веќе да ме направите дедо?Тогаш кога дојде тој момент малку ме фати паника. Јас сум човек кој секогаш планира на долги патеки. А што сега кога ќе станеш дедо? Сега само чекам – прадедо“, рекол Хуљиќ.
На неговиот одговор се надоврзал и Петар Грашо, кој чека дете со Хана Хуљиќ.
„Отсекогаш си правевме финти еден за друг, мислам дека оваа е последната“, рекол Грашо.
Тој се осврнал и на среќната вест дека ќе стане татко.
„Ми требаше некое време, како што веројатно и на секој човик, да станам свесен за оваа прекрасна информација и сега живееме во слатко исчекување. Кога ќе ја затвориме вратата од нашата куќа, живееме како сите нормални семејства кои чекаат бебе“, рекол Грашо.
Што се однесува до менувањето пелени, тој имаше подготвен одговор: „Мислам дека има и други членови од ова семејство кои треба да прогуглаат како се прави тоа“.