Исповед на еден сопруг: Можеби ќе личиме на баба и дедо, но ќе бидеме најдобрите тато и мама

По 6 години брак, позитивен тест. Но, радоста кратко траеше. Сопругата остана во болница каде требаше да ѝ се отстрани јајцеводот во кој се сместил ембрионот, а јас си заминав дома. Плачев како никогаш во овие 30 и нешто години, раскажува еден храбар маж, сопруг и иден татко и не води низ сите перипетии низ кои поминуваат тој и неговата сопруга на патот до нивната најголема желба-бебе.

769

Здружението „До бебе по патот на ИВФ“ (Ин витро оплодување) е формирано од неколку храбри и млади жени, кои инспирирани од своите лични приказни исполнети со многу обиди да станат мајки, кај некои успешни, кај некои не, се обидуваат да ги урнат стереотипите и да го скршат мразот кој отсекогаш постоел околу темата на неплодноста. Меѓу нивните приказни, се најде и оваа машка приказна, приказната на еден храбар маж, сопруг и иден татко кој сликовито ни ги објаснува и не води низ сите перипетии низ кои минуваат тој и неговата сопруга на патот до нивната најголема желба – да станат родители. 

Приказната која е дел од приказните на членовите на здружението „До бебе по патот на ИВФ“ е преземена од ТУКА и ја пренесуваме во целост.






Бевме двајца другари, спротивни по карактер, таа песимист, јас оптимист, таа негативец, јас најпозитивниот кој таа го запознала. По многу кратка врска се одлучивме за брак. Ни малку идеален брак, уште од почетокот кавги и расправии, но и многу убави моменти.

Тоа што најмногу го сакавме, а не можевме да го имаме не зближи засекогаш. Обиди и обиди, броење на плодни денови, но без успех. Се молевме, баравме од Бог да ни го даде најубавото нешто, но тој подарок до ден денес сè уште го нема.

Во разговор со свои пријатели започнуваме со прегледи. За почеток стандардни испитувања, РАР тест, микробиолошки брисови. Матичниот доктор препорача дека најдобро би било да започнеме со подготовка на документите за ИВФ постапка … Па нека биде така, нека започне шоуто.

Мислев дека е едноставно. Ама сум се лажел. И јас и таа. Таа вообичаеното, крвна слика, инфективен скрининг, помина во ред, ама една случка нема да заборавам. Спермограм во лабораторија, без посебна просторија, тоалет 2 на 2 ти треба да си најдобар. Тогаш и бев, успеав, врвни резултати. Вториот, нели бараат два, во различна установа. Надвор-25 степени, јануари, патуваме за друг град, во возот греењето се расипало претходниот денкако не. Резултатите катастрофа.

Целиот текст побарајте го на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини