ИСПОВЕД КОЈА ЈА ШОКИРАШЕ ЈАВНОСТА Беше најголемата детска филмска ѕвезда, а на снимањата доаѓал пијан

Станува збор Даниел Редклиф, актерот кој го отелотвори Хари Потер во истоимената филмска серија базирана на романите на Џ. К. Роулинг. Франшизата Хари Потер имаше осум филмови, снимени помеѓу 2001 и 2011 година, а Редклиф ја доби улогата како 11-годишно момче.

189

Постојат приказни за славата кои изгледаат како бајка, но на крајот се далеку од тоа. Една од нив е поврзана со актерот кој го освои светот како дете, стана глобална икона и лице на една од најуспешните филмски франшизи на сите времиња – додека зад кулисите водел лична борба која со години била скриена од јавноста.

Станува збор Даниел Редклиф, актерот кој го отелотвори Хари Потер во истоимената филмска серија базирана на романите на Џ. К. Роулинг. Франшизата Хари Потер имаше осум филмови, снимени помеѓу 2001 и 2011 година, а Редклиф ја доби улогата како 11-годишно момче.






Притисокот на славата

Како што растеше серијата, растеше и неговата слава. Но, паралелно со успехот, почнале да се таложат и притисоците. Растејќи пред камерите, губењето на приватноста и фактот дека целиот свет имал очекувања од него оставиле длабока трага.
Во подоцнежните години од снимањето, особено додека работел на шестиот филм, „Хари Потер и принцот од мешана крв“, Редклиф почнал сè повеќе да посегнува по алкохол. Како што самиот признал, на почетокот тоа бил начин да се опушти и да избега од товарот на славата, но со текот на времето, пиењето станало навика – и проблем.

Во интервјуа, кои подоцна ги пренесоа сите медиуми, Редклиф отворено зборуваше за овој период, признавајќи дека доаѓал на снимање сè уште под дејство на алкохол од претходната ноќ.

– Искрено можам да кажам дека никогаш не сум пиел на снимање, но доаѓав на работа сè уште под дејство на алкохол од претходната ноќ, рече тој во интервју за The Independent.

Дел од секојдневниот живот

Тој нагласи дека никогаш не пиел додека ги снимал самите сцени, но мамурлакот, менталната исцрпеност и чувството на губење на контролата станале дел од неговото секојдневие. Во еден момент, како што призна, сфатил дека повеќе не пие за забава, туку затоа што не знаел како да функционира поинаку.

Подоцна рече дека може да ги препознае овие сцени денес, иако публиката најчесто не го забележува тоа. Ова сознание беше повик за будење за него да престане.

По завршувањето на серијата, во 2010 година, тој одлучил да престане да пие. Се повлече од јавноста, побара помош и започна нов живот надвор од ликот што го дефинираше со години.

Денес, Даниел Редклиф е еден од ретките актери кои отворено зборуваат за темната страна на раната слава. Неговата исповед не служи како сензација, туку како предупредување – колку е лесно да се изгубиш себеси кога успехот доаѓа прерано, а притисокот станува преголем.

Поврзани содржини