📷 ИСПЛИВАА ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД ВЕНЧАВКАТА НА АНАСТАСИЈА И НЕМАЊА! Цеца и Вељко позирале со младенците

Два дена по тајната граѓанска венчавка на Анастасија и Немања Гудељ во вилата Ражнатовиќ на Дедиње, се појавија и фотографии на младенците со најблиското семејство.

1,542

Два дена по тајната граѓанска венчавка на Анастасија и Немања Гудељ во вилата Ражнатовиќ на Дедиње, се појавија и фотографии на младенците со најблиското семејство.

Имено, братот на Анастасија, Вељко, на својот Инстаграм објави фотографија со деверот, сестрата, сопругата Богдана и двата сина. На фотографијата можеме да ја видиме раскошната декорација – бели и розови балони, како и цветни аранжмани.






Посебно привлекува бидермаерот од бели, жолти и розови рози, кој го улови бабата на Богдана.

Покрај Вељко, со младенците се сликаше и гордата свекрва Цеца Ражнатовиќ. Пејачката за разлика од нејзината ќерка која избра долга сатенска тоалета, се одлучила за цветен мини фустан без прерамки, а судејќи по насмевката на лицето уживала во овој среќен ден.

И младоженецот Немања објави серија фотографии од свечениот чин.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Анастасија и Немања пред девет месеци имаа црквена венчавка, а сега како круна на својата љубов направија и граѓанска венчавка.

Поврзани содржини