ИСПЛИВАА ФОТОГРАФИИ Еве со кого и каде Џони Деп ја прослави победата над Амбер Херд (ФОТО)

Социјалните мрежи се преплавени со видеа и фотографии од актерот во пабот во Англија. Деп расположен се ракувал со фановите и им дозволил да го снимаат.

2,296

Холивудскиот актер Џони Деп седи на малата тераса од пабот „Таверната мост“ во Њукасл и пие пиво со пријателите, како да е тоа уште еден сосема обичен ден во неговиот живот. Така тоа изгледало синоќа во Англија, додека од другата страна на океанот во Ферфакс, Вирџинија, судијата ја читаше пресудата на судењето на деценијата.

 






Деп на крајот победи, му испрати порака на светот дека „штотуку си го врати својот живот“, па седна на пиво. А, прашање е дали би се дознало за тоа доколку Енџи Дикинсон не влегла во пабот и не го фотографирала на маса со музичарите Џеф Бек и Сем Фендер. Скриен зад очилата за сонце и капа Деп бил добро расположен, па дури и позирал со Енџи. Набрзо социјалните мрежи беа преплавени со видеа и фотографии од актерот во пабот. Тој бил весел, се ракувал со фановите и им дозволил да го снимаат.

Кога се создал преголем метеж, тој го напуштил барот во придружба на телохранителот.

 


Така, во свој стил, еден од моментално најспоменуваните актери во светот, со пиво, ја прослави големата победа на суд, од кој неговата поранешна сопруга Амбер Херд си замина длабоко потресена и разочарана.

Кога ќе се повлече линијата, по години токсичен брак испреплетен со љубов, кавги, тепачки и бизарни инциденти, Херд си заминува поразена, а Деп со нова масовна база на фанови како победник е побогат за околу 10 милиони долари колку што Амбер Херд мора да му плати.

На сето ова кумуваа 38 сведоци од страната на Деп и 24 сведоци повикани од Амбер Херд, во шестнеделното судење кое светот буквално го следеше во живо.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини