Од разводот на Џенифер Анистон (51) и Бред Пит (57) поминаа 16 години, а нивната љубовна приказна и денес се прераскажува.
Американската актерка беше на врвот на популарноста, брилирајќи во улогата на Рејчел Грин во популарната серија „Пријатели“, додека нејзиниот колега беше сон на многу девојки ширум светот по филмовите „12 мајмуни“ и „Седум“ .
Бред тогаш ја раскинал свршувачката со актерката Гвинет Палтроу, а неколку месеци подоцна ја започнал врската со Џенифер. Првпат во јавноста заедно се појавиле на доделувањето на наградите „Еми“ во 1999 година.
Еден месец потоа, Пит ја запросил Анистон, а актерката со свршеничкиот прстен се пофалила во бекстејџот на концертот на Стинг. Се венчале во летото 2000 година на Малибу, а церемонијата чинела околу еден милион долари.
По пет години брак, го шокираа светот со одлуката за нивниот развод.
Но, интересните работи од нивниот љубовен однос, открива британскиот таблоид „Дејли стар“.
Имено, ѕвездата на „Пријатели“ го натерала својот партнер на долги девет месеци апстиненција.
„Џенифер наводно се плашела дека сексот ќе ги расипе нивниот однос и затоа не сакала да брза со тоа. Таа сметала дека тоа е најмудрата одлука која што можела да ја донесе. Замислете на Бред да му кажете дека мора да чека за секс“, раскажал извор близок на поранешните сопружници за „Мирор“.
Странските медиуми исто така пишувале дека актерскиот пар првпат имал сексуален однос во текот на романтичниот викенд во Акапулко на „Денот на вљубените“ во 1999 година, само пет месеци пред Анистон да го изговори судбоносното „да“.
„Веднаш знаевме дека сме пронашле нешто посебно еден во друг. Бевме неразделни веќе по вториот состанок. Беше тоа една од оние чудни емоции кога едноставно знаеш дека тоа е тоа, како да ни беше судено“, раскажала актерката за време на најголемата љубов со Бред Пит.
Иако парот никогаш не потврдил, а ниту демантирал за деветмесечната апстиненција, Бред во некое интервју открил пикантерии од нивниот интимен живот:
„Во нејзиниот дом во Беверли Хилс имавме огромна мермерна када. Додека ја уредував бањата, секакви работи ми поминуваа низ глава. Мислам дека мојот ум тогаш беше прилично „валкан““, изјавил Бред во 2001 година во интервју за магазинот „В“.
Нивниот развод беше болен, особено за Џенифер, но тие денес се во добри односи:
„Апсолутно му се восхитувам на Бред и горда сум на него. Меѓусебно се почитуваме и цениме. Ништо не трае засекогаш, па ниту бајките. Тешко е да верувате во тоа, преголем притисок е“, изјавила Џенифер по брачниот бродолом, во моментот кога Бред бил во сериозна врска со Анџелина Џоли, поради која и го раскина бракот.