ИСПЛАТЕНИ 94 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Приоритет е зголеување на конкуретноста и одржливоста

Исплатени се близу 94 милиони денари за околу 2.430 земјоделци преку повеќе мерки. Најголемиот дел од средствата се наменети за оризопроизводство, додека дел се за складирање и интервентна поддршка.

46

Денес е реализирана исплата од близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци, финансиска поддршка во земјоделството, информираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„89.465.370 денари се исплатени кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, 3.313.888 денари се исплатени по мерка 7 – Финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство и 1.060.218 денари се исплатени по подмерка 1.1 – Финансиска поддршка за предадена оризова арпа од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2025 година“.






Министерството истакнува дека приоритет на кој работи е зголемување на конкурентноста и одржливоста на земјоделскиот сектор.

 

Поврзани содржини