ИСПЛАТЕНИ 12,8 МИЛИОНИ ЕВРА ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ЗА КОМПАНИИТЕ Досега владата исплати околу 200 милиони евра за бизнис-инвестиции

Средствата коишто во Буџетот за 2025 година се проектирани на ниво од  250 милиони евра се обезбедија по поволни услови од унгарската Експорт-импорт банка и исто така по поволни услови се пласираат кон крајните корисници, односно домашните компании.

0

Министерството за финансии изврши исплата од 785 милиони денари (12,8 милиони евра) кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

Станува збор за 7 транша којашто се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра.






Со оваа транша износот којшто државата го има инјектирано во домашната економија за поддршка на инвестиции надминува 200 милиони евра. Имено, преку шест исплатени транши се пласирани 190,5 милиони евра.

Средствата коишто во Буџетот за 2025 година се проектирани на ниво од  250 милиони евра се обезбедија по поволни услови од унгарската Експорт-импорт банка и исто така по поволни услови се пласираат кон крајните корисници, односно домашните компании. Каматната стапка на годишно ниво изнесува 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Поврзани содржини