ИСПЛАТЕНА ТРЕТАТА ТРАНША ОД 41,3 МИЛИОНИ ЕВРА ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ Со парите ќе се финансираат 175 проекти на компаниите

По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност пред сé од областа на производството, во износ од 13,6 милиони евра.

72

Развојната банка денеска информираше дека веќе ги исплатени  парите од третата транша од унгарскиот кредит наменети за компаниите.

Кон банките се исплатени се 41,3 милиони евра се наменети за 175 одобрени проекти на домашните компании. Со овие пари се поддржани  9 микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата.






– Најголем дел од средствата на оваа транша се наменети за финансирање на 91 проект на мали компании и 19,5 милиони евра за инвестиции во опрема. По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност пред сé од областа на производството, во износ од 13,6 милиони евра. Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следнава: 45% во градежи, 47 проценти во опрема, 2 проценти во обновливи извори на енергија и 6 проценти инвестиции во транспортни средства – информираат од Развојната банка.

Досега, заедно со оваа транша, се исплатени вкупно 125,8 милиони евра кон деловните банки, односно половина од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на стопанството преку кредитната линија за инвестиции и развој, со што се финансирани 470 проекти на домашните компании.

 

Поврзани содржини