Исплатен паричен надоместокот на близу 7.000 невработени
Направена е и вонредна исплата за 2.873 невработени лица корисници на паричен надоместок (вонреден паричен надоместок COVID-19), во износ од 49.781.261 денари, за лица на кои работниот однос им престанал во период од 11 март до 30 април 2020 година.
На 6.933 невработени лица корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност денеска им е исплатен надоместокот во вкупен износ од 65.134.384, информира Агенцијата за вработување.
Како што информираат од Агенцијата за вработување направена е и вонредна исплата за 2.873 невработени лица корисници на паричен надоместок (вонреден паричен надоместок COVID-19), во износ од 49.781.261 денари, за лица на кои работниот однос им престанал во период од 11 март до 30 април 2020 година по основ на спогодбен престанок од работен однос, престанок со отказ од страна на работодавачот и престанок со отказ од страна на работникот, односно престанок со давање на писмена изјава од страна на работникот.