ИСПЛАТЕН Е ДОЛГОТ ОД 140 МИЛИОНИ ЕВРА КОН ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Мицкоски очекува добри резултати во земјоделството

Премиерот смета дека последните статистички податоци за цените во земјоделството покажуваат дека состојбите се поправаат.

60

Податоците за состојбата во земјоделството, односно зголемените откупни цени и намалените трошоците се одлични, изјави премиерот  Христијан Мицкоски.

-Апсолутно е тоа точно, и тоа го покажува новиот извештај на Државниот завод за статистика. Имаме двоцифрен раст (11%) на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз, и би рекол незначителен  1,2  и 2 % зголемен импут во трошоците, во расходната страна на земјоделците.  И тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично. Тоа е одличен параметар, тоа значи  повеќе пари за инвестиции и повеќе пари за земјоделците -рече Мицкоси.






Што се однесува до поддршката која ја дава оваа Влада за земјоделците, премиерот напомена дека изминатата година се дадени повеќе од 8 милијарди денари, пари за исплата на заостанати субвенции од 2021 година.

– Од 2021 плаќавме од 2021, 2022, 2023-та и 2024-та година, мислам дека е заокружена. Сега треба да се размислува за тековната година. Така што  од 2021 година се плаќаат заостанати субвенции од 8,6 милијарди денари, од прилика – рече Мицкоски

Поврзани содржини