Испланирана агресија, ревизија и пенетрација во Македонија
Сега ги земаат своите идеолошки и историски победи, за утре, кога ќе влезат во Уставот, да почнат да ти освојуваат институции и политички и културно да освојуваат терен.
Како се постигнува компромис и историско помирување кога на секоја одлука Бугарија или слави историска победа над нашата попустливост, или се заканува дека ќе го сузбие македонизмот.
Навреда до навреда, во која нашите институции упорно учествуваат, мислејќи дека бугарските апетити и агресивност некако ќе се стивнат во иднина.
Нема, само ќе се потхранат.
Треба да си слеп да не ја гледаш нивната испланирана агресија, ревизија и пенетрација во Македонија.
Сега ги земаат своите идеолошки и историски победи, за утре, кога ќе влезат во Уставот, да почнат да ти освојуваат институции и политички и културно да освојуваат терен.
Ама сржта лежи во злонамерноста, во отворената омраза кон субјект и народ кој пак свесно се постела да биде инфериорен, зависен или прогласен за зачнат од Бугарија.
Замислете Западна Германија вака да се однесувала кон Франција или кон послабата Полска после Втора светска војна, па никогаш не би дошло до помирување, како што никогаш немаше да остане Германија држава повеќе од обично пасиште.
Основа за помирување и за договарање е страната која згрешила, која била агресор, која била опресор и окупациска сила, да се извини, вистински да се покае, да ти помогне и да те запази, а не да ти се иживува и да демонстрира петпарачки империјализам кој за нас е доволен во испокраденава и руинирана држава, да ни ја дотепа самобитноста и целта на постоењето како независна држава и нација.
Треба да си слепец да мислиш дека ќе застанат на договори, учебници и фингирано добрососедство, кога целта им е да влезат во институциите како можеби еднаков по права, ама митски супериорен народ.
За така сличен народ, за вака слаба земја, за вака неспособен народ и држава, тоа е кобно.