ИСПЛАЌАЛ МИЛИОНСКИ СУМИ БЕЗ ДА РАСПИШУВА ТЕНДЕРИ? Кривична пријава за Курто Дудуш, градоначалник на Шуто Оризари
За да биде неговото самоволио поголемо, Курто Дудуш исплаќал милиони на негови блсики од добиени дотации од министерства, рече Асан Ферат од СДСМ.
На 20 ноември годинава поднесена е кривична пријава против Курто Дудуш до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овласување по член 353 од КЗ – информираше денеска на прес-конференција Асан Ферат, претседател на ОО СДСМ Шуто Оризари.
– Курто Дудуш во својство на градоначалник на општина Шуто Оризаре во период од 2020 година до денес, со намера противправно да стекне имотна корист и да нанесе штета на буџетот на општина Шуто Оризари, спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки, вршел плаќање кон различни правни субјекти без да спроведе јавна набавка. Вкупен износ за ваквиот договор изнесува 29.033.405 денари, за кои требало да спроведе јавна набавка според законот. Поточно на одредени фирми им исплаќал милионски суми без спроведување на јавна набавка – рече Ферат.
За да биде неговото самоволио поголемо, додаде Ферат, Дудуш исплаќал милиони на негови блсики од добиени дотации од министерства.
– Во името на граѓаните на општина Шуто Оризари го повикуваме Јавното Обвинителство и сите надлежни институции заедно да застант и да стават крај на ова злосторничко однесување – рече претседателот на Основната организација на СДСМ во Шуто Оризари.