ИСПИЛЕ МИЛКШЕЈК И ПОЧИНАЛЕ Во машината за сладолед најдена смртоносна бактерија

Истрагата покажала дека работниците не ја исчистиле правилно машината за сладолед во еден од рестораните Фругалс и во него се појавила бактеријата листерија.

311

Три лица починале, а тројца завршиле во болница, откако испиле милкшејк, во кој имало бактерија листерија, во ресторан во Такома, Вашингтон. Истрагата покажала дека работниците не ја исчистиле правилно машината за сладолед, изјавија официјални лица.

Шест лица се хоспитализирани во периодот од 27 февруари до 22 јули, а клиничкиот преглед покажал дека се заразени со истата бактерија. Инаку, со листеријата луѓето може да се заразат и 70 дена по консумирањето на спорниот производ.






Двајца од тројцата преживеани рекле дека пиеле милкшејк во ресторанот Фругалс во Такома пред да се разболат.

Симптомите на инфекција со листерија вклучуваат треска, болки во мускулите, понекогаш дијареа и други стомачни проблеми. Можни се и главоболки, конвулзии и чувство на дезориентираност.

Бидејќи се работи за ланец на ресторани, инспекциите ги провериле сите објекти и утврдиле дека има проблем само во еден објект.

„Доколку некој јадел во ресторанот Фругалс во Такома помеѓу 29 мај и 7 август и има симптоми на листерија, веднаш треба да оди на лекар“ – се вели во соопштението од официјалните лица.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, бактеријата Listeria monocytogenes предизвикува околу 1.600 случаи на листериоза во САД годишно. Секоја година од оваа болест умираат околу 260 луѓе.

Обично ги погодува постарите лица, бремените жени, бебињата и возрасните со ослабен имунолошки систем.

Поврзани содржини