ИСМЕТ РАМАДАНИ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Максим Димитриевски вели дека вакво однесување не му доликува на претседател на Евроатлантскиот совет

Покрај неопходно извинување, потребна е и негова оставка од челната позиција на Евроатлантскиот совет на Македонија, реагираше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

692

Обвинување на новинар во емисија за национализам и за импутирање на шовинистички наратив е недозволиво особено кога тоа доаѓа од претседател на Евроатлантскиот совет на Македонија, а тоа е Исмет Рамадани, реагираше актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

„ЕАСМ е организација која ги негува и поддржува европските и атлантските демократски вредности, а со тоа и слободата на изразување, независно новинарство и медиуми, коишто заложби, во овој случај се косат со искажаните ставови на претседателот на организацијата г. Исмет Рамадани во емисијата ‘Само вистина’ на ТВ Канал 5. Покрај неопходно извинување, потребна е и негова оставка од челната позиција на ЕАСМ. Како и секогаш, претставниците на Владата при недостиг на аргументи за одбрана на оваа власт и сите афери кои ги следат, си играат со националните чувства и оваа реторика ја репризираат како во минатото“, напиша градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил.






Инаку, директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски, синоќа се вклучи во емисијата „Само вистина“ и му рече на поранешниот пратеник Исмет Рамадани да ја напушти емисијата.

Рамадани гостуваше во емисијата на Канал 5 и ја обвини телевизијата дека пропагира етничка дискриминација на Албанците.

📽 ОСТРА ДЕБАТА ВО „САМО ВИСТИНА“ Мирчевски го избрка Исмет Рамадани од емисијата по обвинувањата за етничка дискриминација

Поврзани содржини