Исмаили: Обезбедивме финансиска поддршка за културните работници
Финансиска поддршка во месечен нето износ од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година за уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и филмските работници.
Министерството за култура обезбеди финансиска поддршка во месечен нето износ од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година за уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и филмските работници, информира денеска министерот за култура Хусни Исмаили.
– Министерството за култура и јас како министер, во ова време кога целиот свет се справува со последиците од пандемијата од ковид-19, вложивме максимални напори во ублажувањето на последиците од коронавирусот кои ги погодија не само уметниците туку и сите културни работници воопшто. За таа цел, континуирано се залагавме и успеавме во нашите напори преку Министерството за култура, а со поддршка на нашите институции, да обезбедиме финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари, средства кои ќе бидат наменети и исплатени на уметниците и другите физички лица кои вршат дејности и други активности во областа на културата како и за филмските работници кои беа погодени од глобалната здравствено-економска криза, вели министерот за култура Хусни Исмаили во видео порака до уметниците и културните работници.
Убеден сум, вели Исмаили, дека со оваа финансиска поддршка барем во еден дел ќе успееме да ги ублажиме последиците од состојбата во која се најдоа уметниците и културните и филмските работници и дека со заеднички сили и во иднина ќе продолжиме културата да биде онаа која ќе го обединува светот и ќе ја промовира нашата зејмја во светски рамки.