🎥 ИСЛАНД ВО ПАНИКА ПО НОВАТА ЕРУПЦИЈА Вулканот исфрла лава во височина и до 80 метри

Ова е шеста вулканска ерупција на Исланд во последните две години, втора од почетокот на годинава, претходната беше утрото на 14 јануари во близина на градот Гридавик.

311

Новата вулканска ерупција, која започна утринава на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, е трета во регионот од 18 декември, втора годинава.

Телевизиските снимки покажуваат како жешка лава еруптира со обрачи чад што се издигнуваат од пукнатината. Сликата објавена од исландскиот дневен весник Morgunbladid покажува светло портокалова растопена лава како избива од пукнатините во земјата и еруптира до 80 метри во воздухот.






„Во 5:30 утринава регистриран е мал потрес на североистокот на Силингарфел, околу 30 минути подоцна започна ерупција во истата зона“ – соопшти Исландската метеоролошка служба (ИМО).

Според првите извештаи од надзорните летови на крајбрежната стража, ерупцијата се случила во истата зона како онаа на 18 декември, соопшти ММО, додавајќи дека пукнатината е долга околу три километри.
Службата во својот најнов извештај посочи дека наскоро се очекува нова ерупција.

Тоа е шеста вулканска ерупција на Исланд во последните две години, претходната беше утрото на 14 јануари во близина на Гридавик, мало гратче со околу 4.000 жители. Гриндавик беше евакуиран претходно, на 11 ноември, како мерка на претпазливост.

Се смета дека на Исланд, земјата со најмногу вулкани во Европа, има 31 активен вулкански систем.

Поврзани содржини