ИСЛАНД РАСПИША РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ЕУ Дали гласањето го поттикнаа изјавите на Трамп за Гренланд?
Новиот референдум е закажан за 29 август и е втор по претходниот кој се одржа во 2009 година кога земјата ги почна преговорите за влез во ЕУ.
По прекинот на преговорите за пристапување во 2015 година, Исланд најави нов референдум за приклучување кон Европската Унија за 29 август.
– Гласањето на 29 август не прејудицира ништо. Исланд апсолутно нема што да изгуби од преговорите со Европската Унијап- изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро за време на посетата на Рејкјавик.
Референдумот е всушност одговор на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд од Данска, пишува Euronews.
– За нас беше важно да видиме колку цврсто интервенираше Европската Унија и ја искористи својата моќ, застанувајќи зад Данска и Гренланд во ова прашање – рече исландската министерка за надворешни работи Торгердур Катрин Гунарсдотир.
Бидејќи нејзината земја нема постојана армија, иако е членка на НАТО, таа го смета приклучувањето кон ЕУ како начин за зајакнување на нејзината безбедност од потенцијални закани од Русија.
Исланд првпат поднесе барање за приклучување кон Европската Унија во 2009 година, по колапсот на финансискиот сектор, но ги прекинаа преговорите за приклучување во 2015 година.