Исланд почна да издава потврди за вакцинација за да овозможи патувања
Исланд планира да прима државјани на ЕУ кои ќе воспостават таков механизам или ќе го преземат тој што ќе го воспостави Светската здравствена организација.
Исланд почна да издава потврди за вакцинација со цел за полесно патување на тие кои се заштитиле од ковид-19, објавија тамошните власти.
Околу 4.8 илјади луѓе во Исланд веќе примиле две дози од вакцините против ковид-19 и добиле потврда на платформата која е достапна на интернет од минатиот четврток, вели за агенцијата Франс прес исландската министерка за здравство.
Таа истакнала дека целта е повторно да се овозможи циркулација на луѓето помеѓу државите, но исландската потврда засега важи само во таа островска држава.
Исланд планира да прима државјани на ЕУ кои ќе воспостават таков механизам или ќе го преземат тој што ќе го воспостави Светската здравствена организација.
Исланд не е дел од ЕУ, но е во шенген просторот за слободно движење кој е ограничен со мерките за борба против коронавирусот.
Расправата за таканаречената ковид пропусници кои ќе го олеснат патувањето е тема на расправа во ЕУ, но е далеку од консензус.