ИСЛАНД ГЛЕДА ДОДЕКА ТРАМП ЗБОРУВА ЗА ГРЕНЛАНД Рејкјавик брза кон ЕУ за да избегне слична судбина?

Сѐ повеќе Исланѓани се прашуваат дали САД остануваат сигурен партнер. Договорот од 1951 година, со кој Исланд ја препушти својата одбрана на Вашингтон, станува предмет на преиспитување. Тензијата расте по одлуката на администрацијата на Трамп да воведе 15% царина на исландски производи во август 2025 година.

20

Одекот на изјавите на американскиот претседател во врска со можна анексија на Греналад стигнаа до Исланд, пишува Еурактив. На островотсе раѓа нова дебата за тоа дали е време да се приклучи на Европската Унија.

Еирикур Бергман, професор по политички науки на Универзитетот Бифрост, изјави дека „прашањето со Гренланд ги принуди Исланѓаните да ги преиспитаат своите меѓународни односи“.






– Сите аргументи што САД ги користат како причина да го стекнат Гренланд, би важеле и за Исланд – нагласи тој.

Исланд и Гренланд се наоѓаат на ист стратегиски коридор во Северозападниот Атлантик, меѓу Северна Америка и Европа, каде глобалното затоплување отвора нови патишта и пристап до ресурси. Но, разликата е суштинска: Гренланд е дел од Данска, додека Исланд е независен член на НАТО без своја армија.

Вашингтон под сомнеж, Брисел како штит

Сѐ повеќе Исланѓани се прашуваат дали САД остануваат сигурен партнер. Договорот од 1951 година, со кој Исланд ја препушти својата одбрана на Вашингтон, станува предмет на преиспитување.

Тензијата расте по одлуката на администрацијата на Трамп да воведе 15% царина на исландски производи во август 2025 година, потег што ја разниша економската и политичката доверба.

Поранешниот премиер Торштајн Палсон предупреди во колумна за „Арктик тудеј“:

„Нападот на САД врз виталните интереси на Исланд ги менува сите пресметки. Целосното членство во ЕУ можеби е единствениот начин да ги браниме нашите долгорочни интереси.“

„Дали сте за преговори за влез во ЕУ?“

Министерката за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, најави резолуција за одржување референдум за обновување на пристапните преговори со ЕУ.

– Светот се менува, мора да видиме што е најдобро за нашата безбедност – изјави таа за исландската RÚV.

Ако парламентот даде зелено светло, гласањето би можело да се одржи до пролетта 2027 година. Анкетите од 2025 година покажуваат дека 45% од Исланѓаните би гласале „за“, а 35% „против“.

Рибарство наместо политика 

На исток, Фарските Острови не ја следат исландската насока. Рогви Олавсон, политички истражувач од Универзитетот Торшавн, вели дека таму дебатата за ЕУ „се сведува на рибарството, не на безбедноста“.

– Изјавите на Трамп за Гренланд не ја променија таа динамика – потврди тој.

Поврзани содржини