ИСЛАМ АБАЗИ ЌЕ ГО ГОНИ ДРИН Обвинителството за организиран криминал ќе го истражува купувањето на „Соравија“ од страна на внукот на Али Ахмети

Фирмата ТОР Индустри на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и албанската Па-Вла-Ку го превземаа трговскиот центар „Соравија“ со, како што кажаа на прес конференција, отплаќање на долгот што го има оваа компанија од 20 милиони евра.

833

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите што континуирано се објавуваат по медиумите, уште минатата недела отвори предмет по допрен глас во врска со купопродажбата на ТЦ „Соравија“, објави Алсат.

Фирмата ТОР Индустри на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и албанската Па-Вла-Ку го превземаа трговскиот центар „Соравија“ со, како што кажаа на прес конференција, отплаќање на долгот што го има оваа компанија од 20 милиони евра.






Предметот е распореден кај јавен обвинител кој ќе постапува и ќе достави соодветни поднесоци до институциите надлежни да ги испитаат финансиските текови (Управата за финансиска полиција, Единицата за финансиски истраги при МВР, Управата за јавни приходи).

Поврзани содржини