Искусните домаќники порачуваат: Зошто е добро во супата да ставите лушпа од јајце!

1,349

За да сварите што е можно повкусна супа, мора да комбинирате што повеќе видови месо – говедско, телешко и пилешко. Додајте и што е можно повеќе зеленчук – магдонос, целер, пашканат…

Дури кога ќе зоврие, добро посолете ја. Супата секогаш е повкусна ако се вари полека, на умерена температура, а зеленчукот се додава дури откако ќе се отстрани пената од површината. Во супата додајте и чаша ладна вода.






Ако ви се чини дека е матна, изматете белка и ставете ја во супата додека се вари. Говедската супа ќе биде побистра ако ѝ додадете лушпа од јајце во текот на варењето.

Печете ги лушпите од јајца десетина минути во рерна на 180 Целзиусови степени, оставете ги да се изладат, а потоа издробете ги додека парчињата не се претворат во прав. Добиената смеса можете секојдневно да ја додавате во супите и во варените јадења и со тоа да го зголемите внесот на калциум кој на секој човек му е неопходен за здрави коски.

 

Поврзани содржини