ИСКРШИЛЕ ВОЗИЛО И ОШТЕТИЛЕ ПРОДАВНИЦА Малолетници учествувале во масовна тепачка во Прилеп

Полицијата работи на расчистување на тепачката на улица Тризла во која биле инволвирани седум лица, меѓу кои и двајца малолетници.

198

Во неделата попладне на прилепската улица Тризла се случила масовна тепачка меѓу две групи лица, при што бил нарушен јавниот ред и мир, а според информациите од полицијата, настанала и материјална штета.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 19 октомври околу 14:30 часот во ОВР Прилеп. Во тепачката учествувале седум лица — Д.С. (24), Б.С. (40), Е.С. (24) и еден 14-годишен малолетник од една страна, и Џ.Д. (19), А.Д. (45) и уште еден 14-годишен малолетник од другата страна.






Во физичката пресметка биле употребени различни предмети, при што е оштетено патничко возило и дел од еден продажен објект.

Од МВР информираа дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на одговорноста на сите учесници.

Поврзани содржини