ИСКРШИЈА КАФЕAНА, УКРАДОА ВОЗИЛО Поради договорот со НАТО, МВР не може да ги санкционира британските војници
Ниту во едниот, ниту во другиот случај, според одговорот од МО, за нив МВР не може да поднесе пријава , бидејќи како што велат, нивната надлежност е ограничена, иако во изминатиот период имаше грабеж на автомобил, кршење ресторан и напад на службено лице.
Британски војници дојдени во земјава за последната воена вежба на НАТО на полигонот Криволак, деновиве предизвикаа серија инциденти, но нема да одговараат во Македонија, бидејќи така налага договор потпишан во рамките на стапувањето на земјава во НАТО, пишува МКД.мк.
Неколкумина британски војници деновиве беа предизвикувачи на неколку инциденти, по што завршија во полициска станица. За овие случаи МВР извести во редовните полициски билтени.
Од Министерството за одбрана велат дека поведувањето постапки и евентуално санкционирање на странските војници е во надлежност на државите и институциите на земјите од каде што доаѓаат војниците.
– Сите војници кои доаѓаат од сојузничките земји на обуки и вежби во Северна Македонија потпаѓаат под НАТО СОФА – договорот (Договор за статус на сили), кој важи за сите земји – членки на Алијансата. Домашните институции кои имаат обврска да го одржуваат јавниот ред и мир и во случај на негово нарушување можат да интервенираат и да спречат ескалација, но нивната надлежност е ограничена. Поведувањето постапка и евентуалното санкционирање е во надлежност на државите и институциите на земјите од каде што доаѓаат војниците – се вели во одговорот од МО за МКД.мк.
Ниту во едниот, ниту во другиот случај, според одговорот од МО, за нив МВР не може да поднесе пријава, бидејќи како што велат, нивната надлежност е ограничена, иако во изминатиот период имаше грабеж на автомобил, кршење ресторан и напад на службено лице.