📷 ИСКРШЕНИ ПРОЗОРЦИ, ШКРАБАНИЦИ ПО ЅИДОВИ Вандализирана е новата градинка во Бутел
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, на својот профил на Фејсбук објави дека е вандализирана новата детска градинка во општината.
„МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон. Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили“, напиша градоначалникот.
Можеби ќе ве интересира
Од фотографиите кои ги објави Костовски, видлив е хаосот кој го направиле вандалите. Во објектот се искршени прозорци, врати, ѕидовите се уништени, а и хидрантот не е поштеден.