📽️ ИСКРИ ЛЕТАА ОД ОЧИТЕ НА БЕСНИОТ ЈОКИЌ Србинот не можеше да се воздржи по грубата провокација на Дорт
Трикратниот МВП на НБА, Никола Јокиќ, се соочи со грубост на паркетот, но неговата реакција ја оправдаа легендите на кошарката, Шекил О'Нил и Чарлс Баркли.
Денвер Нагетс загуби во Оклахома Сити со 127:121 по продолжението во сабота наутро, а натпреварот беше обележан со провокативни и опасни потези од домаќините. Најмногу внимание привлече инцидентот со Никола Јокиќ и играчот на Оклахома Сити Тандер, Лугенц Дорт.
На почетокот на последната четвртина, додека Денвер тргна во напад, Дорт го сопре Јокиќ со колкот, со што српскиот центар падна на паркетот. Потегот беше јасно насочен кон нарушување на играта и, според многумина, со намера да се повреди противникот. Јокиќ веднаш реагираше, станувајќи од подот и тргнувајќи кон Дорт, но неговите соиграчи, како Џејлен Вилијамс, веднаш го заштитија.
– Тоа е она што е, нема да коментирам многу. Тоа беше непотребен потег и непотребна реакција. Не мислам дека вакви работи треба да се случуваат на теренот. Тоа нема место во кошарката – изјави Јокиќ за инцидентот.
Српскиот центар потоа се осврна и на резултатот од натпреварот.
– Последниот шут што го упативме беше добар. Тие постигнаа осум поени во продолжението од транзицијата. Не можевме да погодиме ништо на крајот, а тоа беше одлучувачки фактор за поразот – рече српскиот кошаркар.
Легендите на НБА, меѓу кои Шекил О’Нил и Чарлс Баркли, го оправдаа потегот на Јокиќ.
– Првото нешто што ми паѓа на ум кога некој ќе те удри е: ‚Еј, можеше да ме повредиш‘. Тој реагираше правилно – рече О’Нил, додека Баркли истакна дека Дорт требало да биде внимателен, но дека Јокиќ правилно ја заштитил својата безбедност.
Инцидентот уште еднаш ја покажа страстта и борбениот дух на трикратниот МВП на НБА лигата, кој не се плашеше да реагира кога неговата безбедност била загрозена.