ИСКРЕНИ НАСМЕВКИ ЗАД МАСКИТЕ, ОЧИ ПОЛНИ СО СОЛЗИ Прва трансплантација на црн дроб од починат донор во Македонија (ФОТО)
Како што инфомираше Министерството за здравство, 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб добил здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласило да ги донира органите.
На Клиниката за дигестивна хирурија денеска беше испишана историја!
Денеска, за првпат во историјата на македонското здравство беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор.
Како што инфомираше Министерството за здравство, 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб добил здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласило да ги донира органите.
Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.
– Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите. Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство – истакна Сали.
Честитки пристигнаа и од актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи, инаку лекар токму на Клиниката за дигестивна хирургија.
„Голем чекор за дигестивната хирургија и здравството воопшто. Со години тимот предводен од проф. Зоран Караџов, во состав проф. Свето Антовиќ, Љубомир Огненовиќ и Ќемал Рушити се подготвуваат за овој ден. На пациентот му посакувам здравје, на донаторот и неговото семејство најдлабока почит и благодарност“, напиша Османи.
Филипче: Ова е голема работа!
Со овој нов дострел на македонското здравство во транплантациите се потврдува стручноста и посветеноста на македонските лекари, порача поранешниот министер за здравство Венко Филипче.
„Честитки до колегите од Клиниката за Дигестивна хирургија, КАРИЛ и Гастроентерохепатологија за историската прва трансплантација на црн дроб од починат донор. Се радувам на секој нов успех, секоја трансплантација значи спасување на живот или полесно секојдневие на пациентите“, напиша Филипче на Фејсбук.