ИСКРЕН ОДНОС КОН СОСЕДИТЕ Но Мицкоски порача, како тие нам, така ние ним

Во однос на Бугарија, Мицкоски потсети на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која ова лето беше прифатена во Собранието и црвените линии, за, како што рече, овој спор кој пред пет години воопшто не постоеше.

576

Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме искрен однос на почит и пријателство и секогаш пријателски пружена рака кон соседите, но со целосно право да ги заштитиме интересите важни за Македонија. Тоа го кажувам јасно и отворено, кажувам отворен став за соработка и почитување, но и одбрана на она во што веруваме, а тоа е реципроцитет, како тие нам, така ние ним, изјави вечерва во Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на Бугарија, Мицкоски потсети на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која ова лето беше прифатена во Собранието и црвените линии, за, како што рече, овој спор кој пред пет години воопшто не постоеше.






– Потребно е да се издигнеме над облаците на измамите и пазарењата кои ни ги носи Владата со нашите соседи. И во тој контекст немаме право да се лутиме против Бугарија, бидејќи природно е тие да ги штитат своите интереси, она што навистина боли е што нашата Македонија ја водат луѓе кои се подготвени да прифатат се, да се пазарат со се. Не е во прашање недостиг на разбирање од двете страни, туку недостиг на мудрост од македонската Влада – истакна Мицкоски.

Односите со соседите, Мицкоски порача, дека ќе ги базира на вредности на меѓусебна почит, толеранција и ќе ги надградува низ полињата на взаемен интерес на народите.

Поврзани содржини