Искористете го одморот и запознајте ги традиционалните производи…на пример, циронките

Нашиот соговорник Ванчо Стојановски кој е менаџер на комплексот Лејк Вју во Отешево, но и најголем промотер на овие традиционално подготвени сушени преспански белвици, вели дека циронките се постојано на нивното мени, а бидејќи летово капацитетот им е исполнет со домашни туристи, сите имаат можност да го запознаат овој преспански специјалитет

447

Пред точно три години екипата на Арт кујна беше во Отешево, поточно во комплексот Лејк Вју, кадешто господин Ванчо Стојановски, менаџер на истиот, ни го презентираше начинот на подготвување на традиционалниот локален специјалитет – сушени преспански белвици, односно, циронки.

Токму деновиве тој имал средба и со неговите пријатели од Слоу фуд со кои планираат дополнителна промоција на овој специјалитет, но и ботаничка градина и популаризација на јаболковиот оцет направен од јаболките по кој е најпознат овој крај на Македонија.






Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини