ИСКАСАПЕНО ТЕЛОТО НА СРПСКАТА ТИКТОКЕРКА Делови биле пронајдени во канти

Порталот Нова.рс неофицијално дознава дека осомничениот ја донел полицијата на местото на злосторството. Ноа Миливојев исчезна на 17 јуни.

2,895

Телото на 18-годишната тиктокерка Ноа Миливојев од Ковиља е пронајдено распарчено во Белград, а осомничениот за нејзиното убиство, нејзиниот партнер, е уапсен.

Семејството на девојката го пријавило нејзиното исчезнување на 17 јуни. Пред да исчезне, ѝ кажала на мајка си дека ќе оди да се види со своето момче и тоа им бил последен разговор.






О.Д. (33), кој е уапсен  поради сомнение дека ја убил Ноа Миливојев, транс девојката по која се трагаше 20 дена, во полицијата изјавил дека не се сеќавал кога ја убил девојката, ги исекол деловите од телото, ниту пак кога ги фрлил во кеси.

Порталот Нова.рс неофицијално дознава дека осомничениот ја донел полицијата на местото на злосторството. Пријавено е и дека делови од нејзиното тело биле пронајдени во кеси и во канти.
Злосторството се случило во зградата во која живее осомничениот за убиството на Ноа.
Поврзани содржини