ИСХРАНА ЗА ПОДОБАР СОН Што треба да јадат децата пред спиење, а што не треба?

Мала, предвидлива ужина пред спиење, како овесна каша или банана со млеко, може да биде дел од смирувачка вечерна рутина и е идеална околу 90 минути пред спиење – советува нутриционистката Бел Амат

1

Кога е време за спиење, она што децата го јадат може да направи голема разлика во тоа дали ќе имаат мирна ноќ или ќе се будат често. Според Journal of Clinical Sleep Medicine, децата на возраст од 3 до 5 години треба да спијат од 10 до 13 часа дневно, вклучувајќи го и спиењето во текот на денот, додека децата на возраст од 6 до 12 години треба да спијат помеѓу 9 и 12 часа.

– Сонот и исхраната на децата се тесно поврзани. Одредени хранливи материи и навики во исхраната можат да ги поддржат или нарушат природните механизми што го регулираат спиењето – изјавила за Newsweek Бел Амат, нутриционистка во W-Wellness.






Храна богата со триптофан

Една од клучните хранливи материи за добар сон е триптофанот, аминокиселина што му помага на телото да произведува серотонин и мелатонин, хормони кои се важни за заспивање и одржување на квалитетен сон.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини